Официјално: Араухо во Барса има клаузула од милијарда евра

1 min read

Како што и се најавува, тоа денеска доби потврда, уругвајскиот дефанзивец потпиша нов договор до 2026 година со каталонскиот гигант.

Потпишувањето официјално ќе се случи на 29 април на теренот на „Камп Ноу“, каде што свој говор ќе има и претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Барселона ја информираше јавноста дека откупната клаузула во договорот на Роналд Араухо ќе биде милијарда евра.

Во летото 2018 година потпиша за екипата на Барса, блескаше во сезоната 2020/21 и се промовираше во еден од најзначајните играчи во тимот од „Камп Ноу“.

Сезонава исто така покажува добри игри, стандарден е во составот на Чави, досега има четири постигнати голови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕК бара подолг рок за приватните пораки меѓу фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Следно

Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта до 1 мај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian