Нашата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ќе го одигра натпреварот со Украина во Кишињев, Молдавија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023.
Македонија во јуни ја очекуваат два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП. Нa 2 јуни ја пречекуваме селекцијата на Грузија, додека заостанатиот натпревар против Украина на програмата е закажан на 5 јуни.
Одамна избраниците на селекторот Драги Канатларовски ги загубија шансите за пласман на континенталниот собир.
Моментно „црвено-жолтите“ се наоѓаат на претпоследното петто место со шест бодови, само пред Ерменија која има три.
На водечката позиција во квалификациската група „Х“ е Франција со 19 бодови, пред Украина која има 13, третопласирана е Србија со 11, а на четвртото место се Фарските Острови (девет).