Израел го менува составот на девизните резерви, за првпат дел од богатството ќе го чува во јуани

1 min read

Израел, чии девизни резерви традиционално се состојат од долари, евра и британски фунти, ќе ги дополни со четири нови валути, вклучувајќи го и кинескиот јуан, објави Блумберг.

Централната банка на Израел исто така ќе ги намали залихите на долари и евра во обид да ги диверзифицира своите девизни резерви, се вели во соопштението. Лани резервите ја надминаа вредноста од 200 милијарди долари, а од оваа година тие ќе вклучуваат канадски и австралиски долари, јапонски јени и кинески јуани.

Промената е последица на промената во севкупните „инвестициски насоки и филозофија“ на Израел, рече заменик-гувернерот на Банката на Израел, Ендрју Абир, додавајќи дека зголемените девизни резерви ја принудиле централната банка да размисли за „потребата да заработи принос на резервите“.

До пред неколку години, централната банка држеше 67,4 отсто од девизните резерви во долари, 30,1 отсто во евра и 2,5 отсто во фунти, а сега планира да го зголеми уделот на фунтата и јенот на 5 отсто, уделот на јуанот до 2 отсто, а на канадскиот и австралискиот долари – на околу 3,5 отсто.

Резервите во долари се намалуваат на 61 отсто, а оние во евра на 20 отсто.

Кина веќе некое време се залага за поголема улога на нејзината валута во светските девизни текови, но наиде на ограничен успех. Податоците на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека уделот на јуанот во глобалните резерви пораснал на рекордни 2,79 отсто до крајот на 2021 година.

Фото: Pxhere.com

kurir.mk

Претходно

Османи во Софија на конференција за ЕУ и Балканот

Следно

Дали кафето со лимон навистина ги топи мастите, ја штити кожата и ја ублажува главоболката?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian