Инвеститорите во Општина Аеродром ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на нови објекти

1 min read

Инвеститорите во Општина Аеродром во рамки на градежните парцели во иднина ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на сите нови станбени, деловни и јавни објекти.

Оваа одлука на последната седница ја донесе Советот на Општина Аеродром во согласност со Законот за градење, Законот за локална самоуправа и соодветниот Правилник за урбанистичко планирање како една од конкретните мерки за заштита на животната средина.

-Општина Аеродром има за цел да го поттикне користењето на велосипедите како превозно средство преку овозможување услови за нивно користење и паркирање, односно преку обезбедување доволен број паркинг места и соодветна инфраструктура за безбедно движење. Со користењето на алтернативни средства за превоз, придонесуваме за здрава животна средина, активен живот и намалување на проблемот со сообраќајниот метеж, велат надлежните од општина Аеродром. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Гутереш од Москва: Прекин на огнот што е можно поскоро

Следно

Вархеји во дипломатска офанзива: Софија да попушти кон Скопје за преговори со ЕУ во јуни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian