Хрватска бара сезонски работници на приморје, во Дубровник плата за келнер и до 2.000 евра

9 mins read

Недостигот од работна сила е се поголем проблем од година во година, а особено ескалира со доаѓањето на туристичката сезона. Се проценува дека оваа година во туристичкиот сектор во Хрватска ќе има недостиг од 30.000 до 35.000 работници.

„Во овој момент да се најдат работници во угостителство и градежништво е навистина незгодна работа. Кога го отворивме кафулето УГП, буквално дваесет дена никој не ни се јави. Секако, едно од решенијата тогаш е увозот на работна сила“, изјави за „Слободна Далмација“ Хрвоје Бујас од Здружението „Глас на претприемачите“.

„Ресторанот во Ле Меридиен сè уште не е отворен бидејќи човекот што го изнајмил просторот не може да  најде работници. Велигден беше добар во хотелот, но едноставно не најде келнери и готвачи“, вели Хрвоје Бујас.

Со падот на населението има се помалку вработени, а дополнителен проблем е и заминувањето на работници во странство.

„Голем број хотелиери се вмрежени со агенции кои увезуваат работна сила од Индија, Непал… Сега тие се надеваат на жени од Украина на кои им се нудат работни места за чистење. Увозот на работна сила сега цвета“, вели Бујас, коментирајќи дека ситуацијата се олеснува бидеќи нема ограничувања за вработување во угостителството и градежништвото.

„Сега треба да го правиме она што постојано го кажуваме, а тоа е вишокот вработени во администрацијата за три до пет години да се префрли на берзата на трудот и утре кога на пазарот ќе има недостиг од работна сила треба да се направи кратења во бирократијата, па ќе одат на берза кога ќе немаат каде да најдат нова работа! Така би заживеал пазарот на трудот. Згора на ова и целиот наш образовен систем е погрешно поставен, добиваме еден куп правници и економисти, а немаме столари, готвачи, градежници“, рече Бујас.

„Никој не одговара на нивните огласи“

Бујас не негира дека недостигот на работна сила е директна последица на ниските плати во некои сектори и затоа луѓето заминуваат во странство, но вели дека веќе има зголемување на платите и дека тие неминовно уште повеќе ќе се зголемат.

„Платите ќе растат поради инфлацијата и недостатокот на работна сила на пазарот, кристално е јасно, но платите пораснаа од 15 до 20 проценти. Само цените растат во исто време, така што кафето веќе не е десет туку петнаесет куни, а рижото повеќе нема да биде стотка. Сите ние би сакале да ги покачиме платите на нашите вработени, би сакале да имаме добар работник, но ве прашувам од каде? Цената на крајниот производ не е толку покачена, па можам само да покачам колку што имам промет. Еве, платите ми пораснаа 15 проценти, но немам доволно производство за да ги исполнам желбите на вработените за уште повеќе, гледате. Тоа е точно во секој бизнис.“

Бујас вели дека повеќето работодавци попрво би вработиле некој од Хрватска отколку некој од Непал.

„Но, ако никој не се јави на вашиот оглас, а имаме грст такви примери и во угостителството и во градежништвото, тогаш сте принудени да вработите било кој“, рече Бујас.

Тој смета дека повеќе им се исплати на луѓето да останат во Хрватска за илјада до илјада и двесте евра месечно отколку да одат, на пример, во Ирска, каде што има две илјади евра месечно, но трошоците за живот се поскапи. Бујас напоменува дека само цената на сместувањето во странство е три пати повисока отколку во Хрватска.

„Келнер во Дубровник може да заработи по две илјади евра“

Овие зборови ги потврдуваат и од Labyrint Recruitment, сплитска агенција за вработување  во Ирска, која има искуство и со ангажирање странски работници во Хрватска.

-Колку што знам многу агенции сега вработуваат странски работници. Мислам дека тоа се претежно неквалификувани работници, а освен во оддалечените земји како Индија и Непал, интерес владее и низ земјите од  регионот. Некои работодавци им даваат многу добри услови, како на пр. келнер во Дубровник може да заработи по две илјади евра, нешто повеќе од илјада му е платата, а остатокот го заработува преку манча, со обезбедено сместување и храна“, изјави Винко Нинчевиќ од сплитската агенција. Според неговите информации, хрватските работодавци не ги потценуваат странските работници со плати во однос на домашните.

Според него, сепак, проблемот е што земјите со подобри стандарди и плати ги отвориле границите за работниците од трети земји, па затоа и тие ќе ја заобиколат Хрватска, особено квалификуваните.

Синдикатот: Платите се исплаќаат на црно, договорите се на определено време

Од Синдикатот за туризам и услуги предупредуваат дека станува збор за сив економија, со оглед на тоа што работодавачите привлекуваат луѓе со тоа што дел од платата ја исплаќаат на црно, што во крајна линија не им одговара ниту на вработените, ниту на државата.

„Занаетчиството ни е нелојална конкуренција, вработените, на пример, имаат по осум илјади куни месечно во хотел, а им нудат и до десет илјади, но со минимална плата, а остатокот на црно“, вели Едуард Андриќ од Хрватскиот сојуз за туризам и услуги. Тој предупредува и дека покрај ниските плати, луѓето надвор од Хрватска се одземени и со договори на определено време.

„Овие договори на определено време кај нас станаа правило, а не исклучок. А работодавачите со овие договори немаат обврска кон работникот“, тврди Андриќ.

„Домашниот работник е највреден и најевтин“

Тој вели дека работодавачите по секоја цена се трудат да го пополнат бројот на вработени, без да го земат предвид нивното искуство и квалификации, а потоа повторно страдаат постојаните работници со долгогодишен стаж бидејќи целиот товар паѓа на нив.

-Безбедноста на работата и платите се проблем, ги поддржувам работодавците кога бараат намалување на даночното оптоварување, но тоа што тука го добиваат треба да се насочи кон платите. Сите хотели сега бараат работници, имаме примери дека некои кои земале работна сила од надвор заклучуваат дека им е тешка работата па си ги собираат куферите и да си одат. Нормално е тогаш што постојано трае потрагата, ми се јавуваат и ме прашуваат дали имам некој. Тој наш домашен работник е највреден, најдобар и најевтин. Зошто на странецот треба да му дадеш и сместување и три оброци, но и таа истата плата, и кога ќе соберете, тоа е значителна сума, вели Андриќ.

Тој вели дека лани во Дубровник мислеле дека нема да има сезона поради пандемијата, не ги осигурале работниците навреме, а сезоната почнала нагло.

„Така, најдоа Филипинци за чистачки и чистачи, и секој од нив доаѓаше за околу 14.000 куни месечно. А нашите жени тоа го прават во хотели за 5.000. Па, јас им реков, луѓе, на нашите им дадовте шест или седум илјади … би ги имале, а вака некои добиваат повеќе во приватните апартмани, им се исплати повеќе затоа што имаат помалку работа и поголема плата“, рече Андриќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изет Зеќири нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза”

Следно

Денес се празнува: Свети Мартин Исповедник папа Римски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian