Гутереш предлага трилатерална група за хуманитарните прашања, Лавров вели дека е рано за посредници

1 min read

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, денеска во Москва предложи трилатералната група составена од ОН, Украина и Русија да се занимава со хуманитарни прашања во Украина, но рускиот министер за надворешни работи Сергеј лавров оцени дека е прерано за посредници во разговорите.

На денешната средба во Москва со Сергеј Лавров, Гутереш предложи формирање на група која ќе ја надгледува безбедноста на хуманитарните коридори, во која ќе учествуваат претставници на ОН, Русија и Украина.

– Мора да се прогласи прекин на огнот што е можно поскоро и да се отвори коридор за евакуација на цивилите од Мариупол и челичарницата Азовстал, изјави Гутереш, кој допатува во Москва за да разговара за начините за ставање крај на војната во Украина.

kurir.mk

Претходно

ФОТО: Протест на КСС пред Собрание, одѕивот слаб

Следно

Турција дополнително ги олеснува ковид-мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian