Германска компанија за оружје нуди 88 тенкови на Украина

1 min read

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ понуди на Украина да и продаде 88 половни борбени тенкови „Леопард“. Понудата вклучува и обука во Германија, резервни делови и муниција, јави ДПА.

Како што е наведено, минатата недела било поднесено барање до Министерството за економски прашања за да се одобри набавката.

Германската влада доби уште едно барање од „Рајнметал“ – за испорака на 100 оклопни транспортери „Мардер“ за Украина.

Владиниот портпарол Штефен Хебешрајт изјави дека одлуката ќе биде донесена наскоро.

Весникот „Велт“ пишува дека „Краус-Мафеј Вегман“ сака да испорача 100 самоодни хаубици способни да погодат цели на 40 километри.

kurir.mk

Претходно

Генчовска: Прво Бугарите да влезат во македонскиот Устав, па потоа преговори со Унијата

Следно

ВИДЕО: „Дрим-тимот“ на Бруклин елиминиран во првата рунда од плеј-офот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian