Американската поп-ѕвезда Били Ајлиш ја изненади публиката на фестивалот „Coachella“ во саботата навечер, изведувајќи неколку песни со пејачката од групата Paramore, Хејли Вилијамс.
„О, погледнете! Празно столче. За кого е тоа?!, ги праша Ајлиш насобраните луѓе по што ја покани својата драга колешка на сцената.
„Може ли, сите ние, да ѝ посакаме добредојде на мојата пријателка Хејли Вилијамс!?“, изјави поп-ѕвездата.
Меѓу песните беше и култната „Misery Business“ на Paramore од 2007 година, а изненадувачкиот дует стана вистински хит на интернет.