Елбасан тава е името на јадењето кое традиционално старите скопјани го подготвувале за Велигден во минатото.
Станува збор за печено јагнешко месо кое се прелева со матени јајца и кисело млеко. Вкусот на овој специјалитет бил омилен и признаен како деликатес кај голем број скопјани, а има и такви кој и ден денес го приготвуваат.
Исто така, со јагнешко, се приготвувало и ч’кето, традиционално скопско чорбесто јадење кое денес е се помалку застапено на трпезите. Станува збор за јагнешко со многу магданос и млад кромид, а во различни варијанти се приготвува и со различни видови зеленчук.
Дали знате кои се други традиционални јадења карактеристични за старо Скопје, освен познатата и далеку прочуена симит-погача? Симит-погача е од ретките специјалитети што се продава речиси само во Скопје. Тоа е сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна пита без фил, која наликува на бурек. Велат „празен сендвич“ или „леб во леб“. Во симитот (лепчето) се става наут, додека вкусот на погачата е од маста во неа – овча или од кравја
Скопските домаќинки велат дека за баш скопски гастрономски ремек-дела се сметаат скопскиот ѓеврек, таратурот, полнетите бабури…
Муската на скопски начин се приготвува и со модар патлиџан, често се готвел ѓувеч, сарми со лозов лист…
Култ во Скопје и јадењето чорба – Чкембе чорба, телешка…колку погуста, толку повкусна!
Јадењето „Кукурек“ исто така има традиција во Скопје, а е всушност јадење кое потекнува до урција. Станува збор за плетени јагнешки црева со зачини, а обично се приготвува напролет.