Брижит Макрон блескаше на изборната ноќ: Првата дама на Франција повторно со впечатлив стајлинг

1 min read

Благодарение на новата победа на нејзиниот сопруг на претседателските избори, Брижит Макрон сè уште може да се пофали со улогата на прва дама на Франција, а на изборната ноќ го привлече вниманието со својот моден избор.

На претседателските избори во Франција и овојпат победи Емануел Макрон, а за време на изборната ноќ најголема поддршка му даде 69-годишната сопруга.

По тој повод, поранешната професорка по француски се појави во темно син костум, во кое доминираше јакна во војнички стил со детаљ од сребрена кожа на јаката и копчињата.

За нејзиниот изглед бил задолжен дизајнерот Николас Гескиер од Луј Витон, чии креации сака да ги носи во сите прилики.

емануел макрон
Емануел Макрон и неговата сакана Брижит / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Повеќе внимание од костумот привлече со изборот на впечатливи салонки, кои исто како и комплетот се со потпис на луксузната француска модна куќа. Елегантниот стајлинг го надополнила со блескави обетки и до половина подигната фризура. Како и неговата сопруга, „новостариот“ претседател на Франција носеше костум во иста нијанса.

 

Љубовта на Емануел и Брижит Макрон: И покрај критиките, го дочекаа вториот мандат во среќен брак

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спалети пред отказ: Елмас од следната сезона со нов тренер!?

Следно

ФОТО: Протест на КСС пред Собрание, одѕивот слаб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian