Бритни Спирс објави: Се повлекувам од социјалните мрежи

1 min read

Бритни Спирс во последната објава на својот Инстаграм профил откри дека ќе земе пауза од социјалните мрежи.

„Земам краток одмор од социјалните мрежи. Ви ја испраќам мојата љубов и Бог нека ве благослови сите“, напиша таа покрај видеото во кое едно бебе носи очила за сонце и се излежува во мини салонот за убавина.

Претходно овој месец Бритни откри дека таа и вереникот Сем Асгари очекуваат дете.

„И така купив тест за бременост и…. бремена сум. Очигледно нема многу да излегувам“, напиша таа тогаш.

Парот се запозна на снимањето на видеоспотот за нејзината песна „Slumber Party“ во 2016 година, а ова ќе им биде прво заедничко дете.

За сето тоа се огласи и Сем.

„Татковството е нешто на што отсекогаш сум се радувал и не го сфаќам тоа како лесно. Тоа е најважната работа која некогаш ќе ја работам“, изјави тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Богатинов со Ахнас поблиску до финалето во кипарскиот Куп

Следно

Вархељи полн со надеж си замина од Софија, бугарските соговорници му ветија само продолжување на дијалогот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian