Денеска се одигра првиот натпревар од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Кипар помеѓу АЕК Ларнака и Ахнас во кој триумфираа гостите со 1:2.
За домашниот состав целиот меч го одигра македонскиот напаѓач Иван Тричковски, но овојпат не се запиша во листата на стрелците.
На спротивната страна нашиот голман Мартин Богатинов остана само на клупата за резервни играчи.
Тарасовс донесе предност за Ахнас во 24 минута, израмни Томовиќ во 35-та, а конечниот епилог го постави Дурис (54`).
Се одиграа и вториот полуфинален дуел, во првите 90 минути Омонија како гостин славеше против Анортозис. Реванш средбите ќе се одиграат на 4 мај 2022 година.