Досега се познати 24 од 32 репрезентации колку што ќе играат на следното Светско првенство од 11 до 29 јануари 2023 година.
Помеѓу нив ќе биде и најдобрата македонска селекција предводена од Кирил Лазаров откако во баражите успеа да ги елиминира Романија и Чешка.
Според најавите жрепката за СП 2023 ќе се одржи на 2 јули 2022 година во Катовице (Полска).
Светската ракометна федерација треба да додели две „вајлд-карти“ за настап на Мундијалот.
Како што известува словенечката ракометна федерација, пет европски репрезентации аплицираа за „вајлд-карта“ за СП 2023, тие се Словенија, Холандија, Чешка, Словачка и Австрија.
СП 2023: Македонија од вториот шешир ќе ја чека жрепката во Катовице