Баерн ја најде замената за Левандовски во Ајакс!?

1 min read

Се најавува дека приказната за заминувањето на Роберт Левандовски од Баерн Минхен ќе биде актуелна до крајот на летниот преоден рок.

Договорот на Полјакот со минхенскиот гигант истекува следната сезона, и натаму не се зборува за продолжување на соработката, а денеска германски „Билд“ пишува дека германскиот шампион нашол замена за напаѓачот.

Станува збор за фудбалерот на Ајакс, Себастиен Але (27), кој имаше навистина одлична сезона. На 39 натпревари постигна 33 гола, од кои 11 пати на осум натпревари во Лигата на шампионите.

Алер дојде во Ајакс во јануари 2021 година од Вест Хем за околу 25 милиони евра. Според „Билд“, Баерн за овој трансфер би издвоил 40 милиони, додека на фудбалерот би му биле понудени 10 милиони евра по сезона.

Романо ја потврди првата трансфер бомба на Реал Мадрид

Од друга страна, новинарот Фабрицио Романо пишува дека Барселона работи на доведување на Левандовски.

– Барселона сè уште работи на договорот со Левандовски, во преговори со неговиот агент од февруари. Планот е јасен: сè уште нема понуда, првиот чекор треба да биде на агентот на Лева за да разговара со Баерн за договорот – објави Романо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Елбасан тава, ч’кето, скопски ѓеврек, чорба…кои се најпознатите скопски деликатеси?

Следно

ВИДЕО | Објавени снимки од пукањето на филмот и полициското интервју со Алек Болдвин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian