ВИДЕО: Јокиќ го остави Денвер во живот во плеј-офот, брејк на Мајами

3 mins read

Денвер нагетс славеше на четвртиот натпревар во првото коло од плеј-офот во Западната конференција со 126:121 над Голден Стејт вориорс и намали на 1:3 во победи.

Првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ повторно беше на висина на задачата, но овој пат доби поддршка од своиграчите. Конкурентот за МВП принанието беше најефикасен играч на натпреварот со 37 поени на кои им придодаде и осум скока и шест асистенции.


Јокиќ беше маестрален во првата четвртина кога за 11 минути постигна 18 поени. Голден Стејт во текот на натпреварот имаше негатива од 16 поени, но во финишот на една минута пред крајот со поените на Стеф Кари поведе со 121:119.

Во следниот напад Јокиќ го израмни резултатот, а потоа Монте Морис погоди за 123:121. Потоа со одлична игра во одбраната, на 14 секунди до крајот дојдоа до последниот напад во кој Јокиќ му асистираше на Бартон кој постигна тројка за конечни 126:121.

Покрај Јокиќ, одлична партија имаа и Монте Морис со 24 поени, Гордон со 21 и Хајланд со 15 постигнати поени. Кај Голден Стејт, Клеј Томпсон даде 32, а Стеф Кари 31 поен.

Наредниот натпреар ќе се игра во ноќта помеѓу среда и четврток, а „воините“ пред своите гледачи ќе ја имаат првата меч топка за пласман во следната фаза од плеј-офот.


Најдобриот тим во Источната конференција Мајами хит направи брејк во Атланта откако со 110:86 славеше над хоукси и поведе со 3:1 во победи. „Жешките“ овој пат не ја прокоцкаа двоцифрената предност како на претходниот натпревар кога водеа со 19 поени. Мајами на полувреме имаше предност од 14 поени (55:41), а по третата четвртина таа изнесуваше 19 поени (80:61) со што беа решени дилемите околу победникот.

Џими Батлер со 36 поени и 10 скокови го предводеше Мајами, а Адебајо и Такер дадоа по 14 поени. Кај Атланта се истакна Хантер со 24 поени.

Екипата со најдобриот скор во регуларниот дел од сезоната, Феникс санс наиде на тврд орев во Њу Орлеанс пеликанс на стартот од плеј-офот и по четири натпревари резултатот е израмнет 2-2.


Њу Орлеанс на доммашен терен славеше со 118:103 и тоа благодарение на одличната игра во третата четвртина која ја добија со 35:23 и предноста не ја испуштија до крајот.

Брендон Инграм со 30 поени беше најдобар кај Њу Орлеанс, а Јонас Валанчиунас имаше дабл-дабл од 26 поени и 15 скокови. Во редовите на Феникс санс, Деандре Ејтон беше најефикасен со 23 постигнати поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје се испразни за продолжениот викенд – изгледа како да има полициски час!

Следно

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian