ВИДЕО: Дрска крадливка обива кола во Србија, ја „фатила“ безбедносна камера

1 min read

Безбедносните камери снимиле случај на дрска кражба во Борча кај Белград, а снимката е објавена на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како жена со качкет околу 2 часот и 30 минути изминатата ноќ се обидува насила да го отвори паркираниот пикап, но отпрвин не успева, по што се оддалечува, но набргу се враќа.

Вториот обид е многу понасилен и жената двапати го удира автомобилот со камен, по што успева да го скрши стаклото, краде нешто од колата и бега.

Полицијата соопшти дека трага по дрската крадливка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинците тврдат дека го собориле главното оружје на Путин, кое сееше страв и трепет од воздухот (ВИДЕО)

Следно

Руски хокеар бил прободен со нож во срцето пред ноќен клуб во Моксква

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian