ВИДЕО | Доналд Трамп „удри“ по принцот Хари: Меган го влече за нос

1 min read

Поранешниот претседател на САД, Донлад Трамп во интервју со Пирс Морган зборуваше за британскиот принц Хари кој моментално живее во САД со неговата сопруга Меган Маркл. Предвидувањата на Трамп се дека принцот ќе се врати на колена во палатата.

„Хари е како воден на синџир, нема да го искористам целосниот израз, јасно е на што мислам. Тоа сè уште не сум го видел и никогаш не сум бил обожавател на Меган, од самиот почеток. Мислам дека го влече кутриот Хари за нос“, рече Трамп.

„Тој брак ќе заврши, и ќе заврши лошо. Јас сè можам добро да предвидам, но се прашувам дали принцот на колена ќе моли да се врати“, продолжи тој.

 

Водителот Морган потоа го праша дали тој би им ги одзел кралските титули.

„Јас би. Единствено што не се согласувам со кралицата е тоа дека би му рекол да не доаѓа повеќе“, заклучил Доналд истакнувајќи дека принцот Хари нема никаква почит кон држата.

Во краткиот исечок кој Морган го објави на „Твитер“ го најави големото „експлозивно интервју“ со Трамп, а реакциите на јавноста се поделени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Надал доби достоен наследник, Карлос Алкараз е иднината на тенисот

Следно

Зеленски неформално разговарал со Макрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian