Турскиот активист Осман Кавала осуден на доживотен затвор за финансирање на протестите во паркот „Гези“

1 min read

Турски суд денеска го осуди бизнисменот и активист за човекови права Осман Кавала на доживотен затвор, прогласувајќи го за виновен за обид за соборување на владата преку финансирање на протести низ земјата во 2013 година, јави „Би-би-си“.

64-годишниот Кавала е веќе во затвор четири и пол години без пресуда. Тој ги негира обвиненијата против себе и 15 други обвинети за протестите во паркот Гези, кои започнаа како мали демонстрации во Истанбул и прераснаа во антивладини немири низ земјата во кои беа убиени осум демонстранти.

Уште неколкумина обвинети се осудени на 18 години затвор за помагање во обид за соборување на власта.

Судот, исто така, соопшти дека одлучил да го ослободи Кавала од обвиненијата за шпионажа поради недостиг на докази.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите

Следно

Надал доби достоен наследник, Карлос Алкараз е иднината на тенисот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian