Совршена идеја за денешниот ручек: Ролат со мелено месо и јајца

1 min read

Одличнa идеја да ги искористите вишокот јајца од Велигден и да подготвите вкусен ручек за вашите најблиски. Овој вкусен ролат од мелено месо со јајца се прави многу едноставно.

Состојки:

– 700 г мелено месо
– едно подебело парче леб
– 5 јајца
– 1,5 дл млеко
– 1 кромид
– 1 чешне лук
– 1 лажица сенф
– сол, бибер и сув зачин по вкус

Подготовка:

Лебот прелијте го со млеко и згмечете го. Во лебот додајте го ситно сечканиот кромид и лук, месото, едно јајце, сенф и зачини по вкус и убаво измешајте. Половина од смесата ставете ја на алуминиумска фолија, излупете ги четирите варени јајца и додајте ги во средина, па одозгора ставете го остатокот од смесата. Со раце формирајте ролат, а потоа затворете ја фолијата од сите страни и печете на 200 степени околу 30 минути. По 30 минути одвиткајте ја фолијата и оставете го ролат да се пече уште 10 минути. Почекајте убаво да се излади, па дури потоа исечете го за да добиете убаво парче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ ја започна 367. недела на чело на АТП ранг-листата, Алкараз за прв пат во топ 10

Следно

Руски „Газпром“ продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian