Шкријељ: Децата да се вратат на училиште, СОНК да го прекине штрајкот

2 mins read

Интересот на децата и нивниот образовен процес треба на сите да ни бидат на прво место. Ново губење часови, откако изминатите две години наставата се одвиваше во отежнати услови поради пандемијата е на штета на децата. Ова го изјави денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Шкријељ воедно истакна дека продолжувањето на штрајкот во образованието особено голема штета може да им нанесе на илјадници матуранти, бидејќи се поблиску се роковите за полагање матура и завршен испит.

Според неа апели за децата да се вратат во наставните клупи со право пристигнаа и од УНИЦЕФ и од Народниот правобранител.

– Владата веќе понуди конкретно решение, а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза. Одбивањето на овој предлог е неконструктивно, прво, затоа што законските рокови за усогласување на платите од 6 месеци се уште не се истечени – изјави Шкријељ.

Шкријељ наведе дека значително се инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на училишта и градинки. Се изградија голем број на училишни спортски сали, оваа учебна година опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти кои веќе им се на располагање на децата со попреченост.

 

 – Го повикуваме раководството на СОНК да се врати на дијалогот, не само за покачување на платите, туку и за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита. Платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите, но наставата мора да продолжи, изјави Шкријељ.

СОНК : Штрајкот продолжува, денес и утре нови преговори со Владата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Газдите на ПСЖ донесоа одлука, Зидан нема да биде идниот тренер на „светците“?!

Следно

Турција ја прогласи успешна воената операција против ПКК во Ирак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian