Се тресе и македонското тло : Регистриран земјотрес во Пехчево

1 min read

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.

Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Овие 16 сигнали укажуваат дека имате мигрена

Следно

Скопје се испразни за продолжениот викенд – изгледа како да има полициски час!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian