СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите

1 min read

„Се потврди дека само преку дијалог може да се дојде до решение“, реагира Социјалдемократскиот сојуз откако Владата и СОНК соопштија дека постигнале компромис за покачувањето на платите во образованието и во градинките за 12 отсто, со што завршува двонеделниот штрајк на вработените во овој сектор.

„Денеска е постигнато усогласување помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во основното и средното образование, како и во градинките од 12 отсто, со ребалансот на буџетот. Поради несоодветни уцени и неразумна поставеност на раководството на СОНК, децата и учениците изгубија значајни две недели од наставата, која треба соодветно да се надомести бидејќи тие најмногу претрпеа штета од овој штрајк. СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на работниците, но докажа дека на уцени и неразумни барања не подлегнува. Социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до взаемни прифатливи решенија. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците работејќи посветено на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза“, велат од СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецептот на Стивен Кинг ги шокираше твитерџиите: Ова е хорор, еве зошто си писател, а не готвач

Следно

Турскиот активист Осман Кавала осуден на доживотен затвор за финансирање на протестите во паркот „Гези“

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian