Руски хокеар бил прободен со нож во срцето пред ноќен клуб во Моксква

1 min read

Страшно убиство ја шокираше Русија, хокеарот Роман Дидур со нож бил прободен во срце пред ноќен клуб во Москва, пишуваат руските медиуми. Дидур беше член на Гасоилерс од Моксва, клуб што се натпреварува во втората руска хокеарска лига.

Според руските медиуми, Дидур во ноќниот клуб имал расправија со извесен Армен Кујумџи, по што двајцата излегле надвор за да ги решат несогласувањата и се завршило трагично. Младиот хокеар бил прободен со нож во срцето и искрварил до смрт пред да пристигне брзата помош.

Убиецот бил уапсен три часа подоцна во стан недалеку од местото на трагичниот настан и моментално е во притвор.

Дидур во својата кариера настапи на 165 натпревари и имаше 128 поени (голови и асистенции).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дрска крадливка обива кола во Србија, ја „фатила“ безбедносна камера

Следно

Не ги фрлајте лушпите од велигенските јајца: Еве како можете да ги искористите

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian