Рецептот на Стивен Кинг ги шокираше твитерџиите: Ова е хорор, еве зошто си писател, а не готвач

3 mins read

Писателот Стивен Кинг кога не пишува, очигледно готви. Кинг пред неколку дена се пофали со еден свој рецепт за подготовка на лосос и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи!

„Вечера: Купете си лосос филе во супермаркет, не премногу големо парче. Ставете малку маслиново масло и сок од лимон. Завиткајте го во влажна хартиена крпа. Ставете го во микробранова печка околу 3 минути. Јадете. Можеби додадете салата“, напиша Кинг напиша на својот твитер-профил, а неговата објава предизвика лавина коментари.

 

„Ова е можеби најкраткиот хорор што некогаш си го напишал“, „Кутрата риба, па барем фрли ја на скара“, „А еве зошто сте писател, а не готвач“, „Дали си на некоја дрога?“, „Дали ова е дел од твојата нова книга?“, „Имаш пари, Стивен“, „Не го правам ова често, но дали би сакал да доаѓаш кај мене на бесплатни часови по готвење?“, се дел од коментарите на твитерџиите шокирани од идејата на Кинг да ја стави рибата во микробранова печка.

Имаше и такви кои не можеа да поверуваат дека Кинг не спомнал зачини како сол или бибер, а детаљот со влажната хартија налути многумина кои веднаш реагираа дека кујнските хартии може да содржат хемикалии.

Сепак, Кинг не се откажа.

„Само сакам да им кажам една работа на оние кои го напаѓаат мојот рецепт – не се јавувајте додека не го пробате“, самоуверено порача во својата следна објава.

Некои сепак решиле да го пробаат рецептот

И навистина, некои одлучиле да се обидат да подготват лосос во микробранова печка и тврдат дека биле прилично изненадени.

Новинарот на „BuzzFeed“, Рос Јодер, го пробал рецептот токму според упатствата на Кинг и заклучил дека од сега па натаму лососот почесто ќе го подготвува во микробранова печка.

„Откако нервозно седев пред микробранова печка – најдолгите 180 секунди од мојот живот (и панично поради малото крцкање што започна по околу две минути), ја отворив микробрановата печка и најдов… па, целосно зготвен лосос. Без неред! Сите преживеавме! Вклучувајќи ја и мојата микробранова печка!“ напиша тој. „Ме пречека парче лосос што изгледаше прилично убаво. Ја проверив и температурата, беше зготвено… Кога конечно ја ставив вилушката во тоа… О Боже. Кога велам дека ова е едно од најсочните и најнежните парчиња лосос што сум го пробал, навистина го мислам тоа“, додаде тој.

Па, што мислите за рецептот на Кинг?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Е. Пелистер се засили со руски репрезентативец

Следно

СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian