Премиерот Ковачевски упати честитка до Макрон за победата на изборите

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски ја честиташе изборната победата на Емануел Макрон на вчерашните претседателски избори во Франција, порачувајќи дека ова е победа за Франција и за ЕУ.

„Честитки за реизборот за претседател. Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на Северна Македонија. Во интерес на иднината на Европа“, напиша Ковачевски во честитката на Твитер.

Претходно, победата на Макрон ја честиташе и претседателот Стево Пендаровски велејќи дека овој успех доаѓа во време на суштински предизвици каде што е важен проевропскиот избор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

Следно

Инциденти во Рен и Париз пo претседателските избори во Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian