Холивудскиот актер Бил Мареј неодамна e обвинет за несоодветно однесување за време на снимањето на филмот „Being Mortal“. Снимањето беше прекинато, а сега се познати деталите што точно се случило.
Актерот Бил Мареј доби тужба за несоодветно однесување на филмски сет
Извор за „PageSix“ изјавил дека актерот наводно допирал жени и дека тие се засрамиле поради тоа.
„Ги допираше, но не на интимните места, туку ги прегрнуваше, им ја допираше косата, но секогаш на смешен начин. Границата е тенка и сите го сакаат Бил, но иако неговото однесување не е незаконско, некои жени се почувствуваа непријатно“, открил изворот.
Се скарал со режисерот на филмот
Откако жените наводно се пожалиле, 71-годишниот Мареј потоа започнал расправија со филмскиот режисер Азиз Ансари, кој не го одобрувал таквото однесување на сетот.
„Неколку жени се пожалија, а потоа Азиз и Бил се скараа“, додал изворот.
Друг извор за истиот медиум изјавил дека Бил сака да флертува со жени, но дека секогаш сè свртувал
на шега.
„Сè уште не е јасно дали ја преминал границата“, изјавил друг извор.