Почина најстарата личност на светот

1 min read

Јапонката Кане Танака за која се веруваше дека е најстарата личност на светот, почина на 119-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Танака е родена на 2 јануари 1903 година, годината на првиот контролиран лет на браќата Рајт со авион и годината кога Марија Кири стана првата жена што добила Нобеловата награда.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Гинисовата книга на рекорди во 2019 година потврди дека оваа Јапонка е најстарата жива личност во светот.

Починала на 19 април од старост во болница во градот Фукуока во западна Јапонија. Во текот на животот сакала да јаде чоколадо и да пие газирани пијалоци.

Во нејзините помлади години, водела неколку бизниси, како што се продавница за тестенини и продавница за колачиња со ориз.

Најстарата жена на светот се откажа од носење на олимпискиот оган

На прославата на нејзиниот последен роденден, таа рече дека се надева дека ќе доживее до 120.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чави бара седум засилувања за следната сезона

Следно

ЕК не гледа проблем Илон Маск да биде единствен сопственик на Твитер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian