Османи е во Берлин, утре оди за Софија

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе има средба со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.

Османи во германскиот Бундестаг ќе се сретне со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Агендата на министерот Османи предвидува и средби со советниците на германскиот Канцелар Олаф ШолцЈенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.

Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици, соопшти МНР.

Од Берлин, министерот Османи утре ќе отпатува за Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 25 април: Ќе ве изненадат убави работи

Следно

И денеска бесплатен паркинг во општина Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian