Ѓоргиев со АЦХ Волеј Љубљана ја освои титулата во Словенија

1 min read

Капитенот на одбојкатарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев продолжува да ја збогатува витрината со трофеи откако со екипата на АЦХ Волеј Љубљана стана шампион на Словенија.

Неговиот тим со максимални 3:0 во победи во финалето го совлада Калцит Волеј Камник, а последната победа која на АЦХ Волеј Љубљана му ја донесе 18 титула е остварена со максимални 3:0 во сетови и тоа со (25-18, 25-20, 25-21). Македонскиот репрезентативец беше најдобар играч на натпреварот со освоени 18 поени.

Никола Ѓоргиев за добрите изданија доби нов договор од словенечкиот првак и ќе остане во Љубљана и следната година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски неформално разговарал со Макрон

Следно

ФОТО | Дизајнерите на „Гучи“ се испирирале од сандалите на Југопластика: Прескапа носталгија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian