Ѓоковиќ ја започна 367. недела на чело на АТП ранг-листата, Алкараз за прв пат во топ 10

1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да го подобрува рекордот по бројот на недели на чело на АТП ранг-листата и денеска ја започна 367 седмица како најдобар тенисер на светот.

И покрај поразот од Андреј Рубљов во финалето на „Србија Опен“ Ѓоковиќ остана на првото место на АТП ранг листата и дури ја зголеми предност пред второпласираниот Данил Медведев за 320 бодови.

Ѓоковиќ сега има 8.400 бодови, додека Русинот има 8.080 бода, а третиот Александер Зверев има 7.465 бода. На четвртото место се наоѓа Рафаел Надал со 6.435 бода, додека петте најдобри на АТП ранг-листата ги затвора Стефанос Циципас со 5.770 бодови.

Од шестото до осмото место се наоѓаат Матео Беретини (4.570), Каспер Руд (4.110), Андреј Рубљов (4.025), а единствената промена во топ 10 е Шпанецот Карлос Алкараз кој по победата на турнирот во Барселона дојде до деветтата позиција на ранг-листата, а листата на најдобри десет тенисери ја затвора Феликс-Оже Алиасим.

Во женска конкуренција, полската тенисерка Ига Швјонтек и понатаму е прва на ВТА ранг-листата со 7.181 бод, а единствена промена во топ 10 е втората позиција на Шпанската Паула Бадоса. Од третото до десеттото место се наоѓаат Арина Сабаленка (4.711), Марија Сакари (4.651), Анет Контавеит (4.511), Каролина Плишкова (4.207), Даниел Колинс (3.151), Гарбине Мугуруза (3.070) и Онс Жабер (3.015).

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција ја прогласи успешна воената операција против ПКК во Ирак

Следно

Совршена идеја за денешниот ручек: Ролат со мелено месо и јајца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian