Меси и следната сезона ќе настапува за ПСЖ

1 min read

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси и следната сезона ќе игра во дресот на ПСЖ, објави британски Скај.

Меси дојде во ПСЖ од Барселона минатото лето и потпиша двегодишен договор, но веќе оваа сезона имаше шпекулации за негово наводно враќање во Шпанија.

Аргентинецот одлучи на стави крај на сите шпекулации со тоа што и следната сезона ќе настапува за екипата на ПСЖ, пишува Скај.

Меси во ПСЖ дојде за да им помогне на „светците“ да ја освојат Лигата на шампионите, но во осминафиналето налетаа на Реал Мадрид кој го урна сонот за титулата.

Раните беа залечени со освојувањето на шампионската титула во францискиот шампионат.

Покрај Меси, останување во Париз најави и втората голема ѕвезда на екипата Нејмар, додека се уште е нејасно каде третата ѕвезда Килијан Мбапе ќе игра, дали ќе остане во ПСЖ или ќе го оствари детскиот сон и ќе потпише за Реал Мадрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дизајнерите на „Гучи“ се испирирале од сандалите на Југопластика: Прескапа носталгија?

Следно

Денес се празнува: Светол Вторник – Воскресение Христово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian