Лукаку сака да се врати во Интер, но само ако прифати да игра за двојно помала плата

1 min read

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку сака да се врати во Интер, но прво треба да се согласи на помала плата, пишуваат италијанските медиуми.

Наводно Лукаку разговарал со челниците на Интер и со некои поранешни соиграчи на кои јасно им кажал дека сака да се врати. Но, доколку дојде до трансфер и од Челси се врати во Интер, ќе мора да се откаже од големата плата што ја има во англискиот тим и да се согласи на двојно помала.

Лукаку во Челси има годишна плата од 14 милиони евра, додека Интер може да му понуди најмногу 6.5 милиони евра годишно.

Белгискиот репрезентативец минатото лето од Интер премина во Челзи за сума од 115 милиони евра и притоа потпиша договор до 2026 година.

Но, Лукаку сезонава ја одигра очајно во вториот дел од сезоната го загуби и местото во првиот тим на Челси, а работите дополнително ги влоши во интервјуто кое го даде во декември минатата година кога рече дека не е задоволен во Лондон и сака да се врати во Интер.

Лукаку оваа сезона одигра 39 натпревари за Челзи и постигна 12 гола, но сè уште чека на првиот гол во 2022 година во Премиер лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина бара безбедносни гаранции од Русија за евакуација на Мариупол

Следно

Голем неделен хороскоп (25 април – 1 мај): Скорпиите ќе бидат шармантни, Вагите ќе имаат многу енергија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian