И денеска бесплатен паркинг во општина Центар

1 min read

Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници е бесплатно за сите граѓани.

И денеска граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар соопштија дека согласно програмата за неработни денови за годинава на Министерството за труд и социјална политика, 23 април (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ работеа со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ  работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 26 април (вторник) со вообичаено работно време, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар и на граѓаните им посакуваат убави велигденски празници.

skopjeinfo.mk

Претходно

Османи е во Берлин, утре оди за Софија

Следно

Роберт Голоб, победникот на изборите, порача дека „слободата доаѓа во Словенија”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian