Гвардиола: Убаво е чувството да се биде меѓу најдобрите екипи во ЛШ

2 mins read

Фудбалерите на Манчестер сити утре ќе го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (21 ч.), а тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола се надева дека сезонава ќе оди чекор подалеку од минатата кога играше во финалето и загуби од Челси.

Гвардиола во Сити пристигна со една цел, да му ја донесе титулата во ЛШ на англискиот тим и сигурен е дека ќе успее во таа цел.

– Што се однесува со мене, моите цели никогаш нема да бидат реализирани будејќи секогаш имам нова цел и нов сон. Во клубот заедно одлучуваме – дали нешто било добро или лошо и дали се исполнети целите. Доколку не се, одиме повторно во реализација на истите. Работиме најдобро што можеме, имаме мотив и можеме да победиме противник како ако се држиме заедно – рече Гвардиола.

„Граѓаните“ до полуфиналната пресметка со најтрофејниот европски клуб дојдоа откако во нокаут фазата ги елиминираа Спортинг Лисабон и Атлетико Мадрид. Гвардиола и свесен дека токму двомечот со Реал Мадрид ќе биде најголемиот предизвик за него и неговите фудбалери сезонава.

– Кога ќе почне сезоната во Лигата на шампионите, некој ќе ви каже дека ќе стигнете до полуфинале, веднаш би прифатиле. Секогаш е тешко. Ги добивме сите натпревари во групата, задоволен сум. Но, сега сме тука да се фокусираме само на мечот со Реал. Но, нема да кажам дека сезоната не беше добра доколку не се пласираме во финалето бидејќи ги почитувам противниците. Реалноста е дека ние сме тука десет години, да се бориме во ЛШ. Секогаш е убаво чувството да се биде меѓу најдобрите клубови. Не треба да повторувам колку го почитуваме Реал – смета Гвардиола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведена скопјанка: Ја повредила својата мајка, па била агресивна кон полицајците

Следно

Познати детали од тужбата против Бил Мареј: Вознемирувал жени на снимањето на „Being Mortal“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian