Газдите на ПСЖ донесоа одлука, Зидан нема да биде идниот тренер на „светците“?!

2 mins read

Сопствениците на ПСЖ, катарското кралско семејство, одлучи Маурисио Покетино да добие отказ иако ја освои титулата во Лига 1 и негова замена нема да биде Зинедин Зидан туку Антонио Конте.

Зидан иако долго време важеше за главен фаворит за клупата на ПСЖ и дури имаше неколку средби со претставници на „светците“, но тој се надева дека на крајот од годинава ќе се седне на клупата на француската репрезентација.

Поради тоа, кралското катарско семејство на чело со шеикот Ал-Тани, одлучи нов тренер да биде Антонио Конте кој моментно седи на клупата на Тотенхем. Наводно Конте е подготвен да потпише двегодишен договор со ПСЖ и ќе добие доволно средства за летниот преоден рок да донесе засилувања по неков вкус.

Антонио Конте / фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Исто така, француските медиуми пишуваат дека ако спортскиот директор Леонардо не добие отказ, тогаш со доаѓањето на Конте, неговата моќ би се намалила и не би можел да влијае во соблекувалната.

Италијанецот има договор со Тотенхем на уште една година, но иако успеа тимот да го врати во битката за четвртото место на табелата во Премиер лигата, е разочаран поради скржавоста на претседателот Даниел Леви кој не му ги донесе играчите што му беа ветени.

Доколку Конте си замине од Тотенхем, главен фаворит за негов наследник е токму актуелнииот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Покетино ќе добие отштета од 14 милиони евра од ПСЖ и со задоволство би се вратил на клупата на Тотенхем на која седеше пет години и играше во Лигата на шампионите.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германија призна дека направила сериозна грешка во однос на Украина

Следно

Шкријељ: Децата да се вратат на училиште, СОНК да го прекине штрајкот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian