ФОТО+ВИДЕО | Вил Смит првпат во јавност по скандалот на Оскарите: Заминал во Индија

1 min read

Индискиот фотограф Вирал Бхајани сними кратко видео на кое се гледа како Вил Смит им мавта и се смешка на папараците. Актерот на аеродромот се дружел и се фотографирал со обожавателите.

53-годишниот холивудски актер бил „фатен“ на приватниот аеродром во индискиот град Мумбаи. Тој решил да оди на патување, а ова е прво негово појавување во јавноста по инцидентот на Оскарите.

Под објавата на фотографот собраа многу саркастични коментари иако засега не е познато дали Смит заминал во Индија заради некаков ангажман или приватно.

„Стенд ап комичарите сега се изложени на ризик“, напишал еден корисник. „Не грижете се луѓе, нас нема да ни удри шамар“, додал друг. „Боливудски актери, внимавајте“, напиша трет.

Да потсетиме, на Вил нема да му биде дозволено да присуствува на Оскарите во следните десет години поради инцидентот со Крис.

„Одборот одлучи дека во период од 10 години, од 8 април 2022 година, на Смит нема да му биде дозволено да присуствува на какви било настани или програми поврзани со Академијата, лично или виртуелно“, изјави неодамна претседателот на Академијата за филмска уметност и наука, Дејвид Рубин и извршниот директор Доун Хадсон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На „Енфилд“ никогаш не се свират пенали против Ливерпул

Следно

Илон Маск наскоро би можел да стане единствен сопственик на Твитер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian