ФОТО | Дизајнерите на „Гучи“ се испирирале од сандалите на Југопластика: Прескапа носталгија?

1 min read

На официјалната веб-страница на луксузниот моден бренд „Гучи“ се продаваат пластични сандали кои многу потсетуваат на оние кои „Југопластика“.

Имено, компанијата „Југопластика“ е основана во 1952 година во Сплит и истата произведуваше сандали, патики, чанти, играчки, автоделови, спортска опрема… Имаше над 13 илјади работници, а остваруваше приходи над 350 милиони долари годишно.

Летниот одмор во поранешна Југославија не можеше да помине без легендарните гумени сандали кои ги носеа децата, но и возрасните.

Многу корисници на социјалните мрежи забележаа сличност меѓу сандалите на „Југопластика“ и „Гучи“, кои се продаваат за 490 долари.

гучи
Сандалите на „Гучи“ / Фото: Принтскрин/gucci.com

Жените можат да ги купат во розова и виолетова, а мажите во црна и зелена боја. Има и проѕирна варијанта.

„Дали и добиваш и чорапи или се купуваат одделно, се знае ли нешто?“, се пошегува еден корисник на „Твитер“. „Прескапа носталгија“, напиша друг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоргиев со АЦХ Волеј Љубљана ја освои титулата во Словенија

Следно

Меси и следната сезона ќе настапува за ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian