ВИДЕО: Фјури ја одбрани титулата, во шестата рунда го нокаутираше Вајт

1 min read

Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата откако во шестата рунда го нокаутираше Дилијан Вајт.

Овој спектакл, оваа борба меѓу двајцата Британци се одржа на стадионот „Вембли“ во Лондон пред рекордни 94.000 илјади гледачи.

Фјури најави дека ова е последна борба во неговата кариера, но после ваков доминантен настап над силен тешкаш каков што е Вајт некако е можно да продолжи да боксува.

За 33-годишниот Фјури ова беше 32 победа во кариерата, додека 34-годишниот Вајт во 31 борба го претрпе третиот пораз.

Во првата рунда гледавме испитување на силите. Фјури се обидуваше да го држи Вајт на дистанца, без ризични удари од двете страни.

Фјури не ризикуваше, додека Вајт се обиде да направи нешто со неколку силни удари.

Клучниот момент се случи во шестата рунда кога следуваше следуваше жесток нокдаун во брадата, тоа не беше совршен удар, но беше доволно силен да триумфира над Вајт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија по изборите: Сигурно е само дека Александар Вучиќ е старо-новиот претседател

Следно

ФОТО | За Велигден вашата куќа мора да биде полна со цвеќе: Еве зошто!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian