ВИДЕО: „Црвените“ подобри и од Евертон, Ливерпул и натаму го следи Сити

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул победија на свој терен во градското дерби на Евертон со 2:0 во натпреварот од 34 коло на Премиер лигата и повторно се доближија до Манчестер сити на еден бод.

Во првото полувреме на „Енфилд“ екипите не упатија ниту еден удар во рамките на голот. Ливерпул поведе во 62 минута со голот на Ендрју Робертсон на додавање на Мохамед Салах, а победата ја обезбеди резервниот играч Дивок Ориги со гол во 85 минута.

Евертон го имаше првиот удар во рамките на голот во продолжението, а во текот на натпреварот имаше посед на топка 17 проценти, наспроти 83 на Ливерпул.

Ливерпул е на второто место на табелата со 24 победи и 79 бодови, бод помалку од водечкиот Манчестер сити.

Евертон го претрпе 19 пораз и се наоѓа во зоната за испаѓање на 18 место со 29 бода, два помалку, но и натпревар помалку од Барнли кој засега е „безбеден“.

ВИДЕО: Пулишиќ е херојот на Челси, во финишот го урна Вест хем

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Излезни анкети во Словенија: Менаџерот Голоб убедливо го победи Јанша

Следно

ВИДЕО | Се сеќавате ли на Сузан Бојл: Нејзиниот настап беше прогласен за најважен момент на шоуто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian