ВИДЕО: Адеми го води Динамо кон титулата во Хрватска

1 min read

На дебито на новиот тренер Анте Чачиќ фудбалерите на Динамо Загреб дојдоа до важна победа од 1:0 на гостувањето кај Горица и се доближија до одбрана на титулата шампион во најквалитетната хрватска лига.

Стрелец на единствениот гол за „модрите“ беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во 85 минута од средбата.

За нашиот играч ова е трет гол во шампионатот, овој месец исто така беше херој на својата екипа, во триумфот над Риека, и тогаш во самиот финиш донесе победа.

На табелата води Динамо со 69 бодови, пет повеќе од второпласираниот Осиек кој вчера загуби од Риека, а третопласиран е Хајдук Сплит кој ремизираше денеска кај Славен Белупо.

До крајот на сезоната остануваат уште четири кола до крајот на сезоната, распоредот на Динамо е: Локомотива Загреб (гости), Осиек (дома), Шибеник (гости) и Хајдук Сплит (дома).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден

Следно

Следниот викенд повторно продолжен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian