Словенија: Според засега преброените гласови, Голоб со рекорден број пратенички места

1 min read

Државната изборна комисија во Словенија ги објави првите делумни официјални резултати од парламентарните избори, а тие ќе се менуваат со зголемувањето на бројот на обработени гласачки ливчиња.

Според досега 53 отсто преброени гласови, Движењето за слобода на Роберт Голоб освои  32,87 отсто, односно 41 мандат, додека СДС на Јанез Јанша има 25,12 отсто и освои 31 мандат во Парламентот со 90 пратенички места.

Нова Словенија доби 7 отсто од гласовите и осум мандати, а СД со 6,67 отсто од гласовите освои осум пратенички места. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Следниот викенд повторно продолжен

Следно

ВИДЕО: Тонали го враќа Милан на првото место во Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian