Руските сили гранатирале украинска фабрика за експлозиви

1 min read

Руската армија погоди украинска фабрика за експлозиви, неколку артилериски складишта и стотици други цели, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Руската војска употреби проектили со прецизно наведување за да уништи фабрика за производство на барут и експлозиви во близина на Павлоград во реонот на Днепар во централна Украина“, наведува руското МО.

Во соопштението се вели дека руските сили, исто така, погодиле со артилериски гранати и ракети неколку магацини во Барвинкова, Нова Дмитривка, Иванивка, Хусаривка и Велика Комишваха во регионот на Харков, пренесува Бета.

„Артилерија погоди 423 украински цели во текот на ноќта, вклучително и утврдени позиции, додека воените авиони уништија 26 воени цели“, се вели во руското соопштението.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Марија Чапе, психолог: На анксиозноста не се случува ненадејно, ја канат нашите мисли!

Следно

Ф1: Ферстапен победник, лош ден за Ферари во Имола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian