Пендаровски на велигденска литургија во Охрид

1 min read

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска со семејството по повод Воскресението Христово – Велигден присустуваше на света литургија во храмот „Свти Никола” во Охрид.

– Ви посакувам мирни празнични денови со вашите најблиски, спокој и радост во срцата. За многу години Велигден, Христос воскресна, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

На припадниците од православна вероиспод им посака празничните денови да ги поминат, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир.

– Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов, стои во велигденската честитка на претседателот Пендаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каков прв впечаток оставаат хороскопските знаци?

Следно

Поради својата неутралност, Швајцарија и забрани на Германија да извезува нејзина муниција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian