Османи утре во Берлин на средби со Лирман, Рот и Хофрајтер

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе има средба со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.

Османи во германскиот Бундестаг ќе се сретне со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Агендата на министерот Османи предвидува и средби со советниците на германскиот Канцелар Олаф ШолцЈенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.

Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици, соопшти МНР.

Од Берлин, министерот Османи ќе отпатува за Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд: Ѕвездата од „Bridgerton“ прв на обложувалниците

Следно

Киев: Во руската инвазија во Украина досега убиени 213 деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian