Бразилецот има важечки договор со париските „светци“ до 30 јуни 2025 година. Неколку пати се шпекулираше за негово заминување од клубот, но засега без конкретни понуди.
Нејмар со ПСЖ успеа да ја освои титулата во француската „Лига 1“, негова четврта со екипата од Париз.
Но, тоа веќе како да стана традиција од 2013 година, навивачите се навикнаа на ваквите успеси, но бараат нешто повеќе.
Сезонава се кренаа амбициите откако дојдоа звучни имиња како Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и дека заедно со Нејмар, Мбапе, Ди Марија, Икарди, сериозно може да се атакува на титулата во Лигата на шампионите, која многу се посакува, но и оваа година тоа не се оствари. Играчите на Маурицио Покетино беа елиминирани во осминафиналето од Реал Мадрид.
Neymar told PSG fans to pace themselves 😬 pic.twitter.com/3UYkaZlyV4
— GOAL (@goal) April 24, 2022
Една од најголемите ѕвезди во ПСЖ, Нејмар го гледа незадоволството кај фановите и свирежи кои ги испраќаат токму на негова адреса.
– Јас и натаму имам договор со ПСЖ. Тука сум уште три години, така што престанете со свирежите или ќе ви треба повеќе воздух – рече Нејмар за „ЕСПН Аргентина“.