Многу политичари ги поврзува една работа: Никогаш не можат да ѝ останат верни на една жена

5 mins read

Прељубничките афери во високата политика постојат секогаш, но прељубите на Бил Клинтон биле толку бројни, сочни и јавни што му ја обележиле кариерата.

Во текот на првата претседателска кампања на Бил Клинтон, пејачката во ноќни клубови и водителка на вести Џенифер Флауерс во 1992 година објавила дека 12 години била во врска со оженетиот Клинтон, тврдејќи дека тоа била вистинска љубов.

Џенифер Флауерс/Фото: Profimedia

„Ги викав неговите тестиси момчиња, а моите гради девојки“, рекла за Старс, кој за исповедта ѝ платил 140.000 долари.

Паула Џонс го тужела за сексуално злоставување тврдејќи дека кога Клинтон бил гувернер, ја повикал во својата хотелска соба.

Бил Клинтон и Паула Џонс/Фото: Profimedia

Рекла дека очекувала понуда за работа, а наместо тоа барал орално да го задоволи. На сослушувањето Клинтон сè негирал, но Паула тврдела дека поради неговите „препознатливи карактеристики“ на меѓуножјето може да докаже дека ги соблекол панталоните.

Тогаш признал дека само еднаш спиел со Џенифер. Со Паула Џонс Клинтон се договорил и ѝ исплатил 850.000 долари.

Во тоа време претседателот бил во врска со 22-годишната приправничка во Белата куќа, Моника Левински. Пред судот ја негирал врската со Паула Џонс, а Левински ја потврдила неговата приказна.

Моника Левински/Фото: Profimedia

Меѓутоа, откако ѝ понудиле имунитет во замена за сведочење, Левински раскажала дека му била две години љубовница на Клинтон, дека имале секс во Белата куќа и додека неговата сопруга била во соседната соба, орално го задоволувала во овалната канцеларија додека разговарал со конгресмените.

Дури на новинарите им дала син фустан, кого стратешки го чувала цела година бидејќи на неа имало остатоци од спермата на Клинтон.

Клинтон пред поротата и пред нацијата признал за „неприкладната физичка врска со Левински“.

Џон Ф. Кенеди обожавал русокоси холивудски глумици, но од креветот никогаш не ги исфрлил ни црвенокосите ни бринетите. Познати се сите детали од неговата афера со Мерилин Монро, а познато е дека Кенеди во овалната канцеларија спиел и со 19-годишната Мими Бердсли Алфорд, која за врската молчела 40 години. Ниту на сопругот ни на децата не им кажала за 18-месечната врска со претседателот. Таа го познавала Кенеди уште од средно. Го изневерувала сопругот со него и често заедно земале ЛЦД. Кога дознал дека медиумите знаат за нивната врска, Кенеди одлучил да прекине со неа.

Мими Алфорд/Profimedia

Професионален убиец ја убил во 1964 година недалеку од нејзината куќа во Џорџтаун. Нејзиното убиство често го поврзувале со Кенедиеви.

Џудит Кембел Екснер е една од најконтроверзните љубовници на Кенеди. Со него го запознал Френк Синатра, кому исто така му била љубовница. Во исто време се гледала и со Кенеди и со шефот на Коза ностра Сам Џианкани. Наводно нејзината розева долна облека Џеки Кенеди ја нашла во својот кревет.

И некогашниот француски претседател Николас Саркози не можел да им одолее на жените. Светските таблоиди пишуваа за аферата на 52-годишниот Саркози со 13 години помладата и 10 сантиметри повисоката манекенка Карла Бруни. Својата прва сопруга ја изневерил со нејзината најдобра пријателка.

Фото: Profimedia

Неговиот претходник Жак Ширак добил прекар „господин од 5 минути“. Се знаело дека често ја изневерува сопругата.

Франсоа Митеран имал две семејства, едно службено со сопругата Даниел, со која имал два сина, а друго со љубовницата Ен Пинжеот, со која имал ќерка.

Поранешниот италијански премиер Берлускони се развел од сопругата со која имал две деца бидејќи се вљубил во убава глумица која ја видел во топлес во театар. Се оженил и со неа, но неговата склоност кон убавите жени пресудила и во вториот брак. Медиумите го прозвале дека ја поставил Мара Карфања за министерка за рамноправност на половите зашто му била љубовница.

Берлускони на пописот на кандидати за европарламент ставил четири старлети.

На прославата за 18-от роденден на Ноеми Летиција, Берлускони ѝ подарил дијамантски ѓердан, а таа му се обраќала со „татенце“. Таа всушност била другарка на неговата ќерка.

Фото: Profimedia

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Тонали го враќа Милан на првото место во Серија А

Следно

Макрон: Свесен сум дека ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian