Мицкоски: Владата да ги исполни барањата на СОНК и учениците во вторник да се вратат на настава

1 min read

Владата треба да ги прифати барањата на СОНК и сите ученици да се вратат на настава од вторник, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по посетата на Соборниот храм „Свети Климент Охридски”.

– Јас апелирам да се постигне договор час поскоро и од вторник сите ученици да се вратат онаму каде што им е местото, во клупите. Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не со нивниот омилен синдикалец којшто напати во минатото се покажа како верен послушник на политиките најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Ковачевски, да прави некакви квазидоговори, рече Мицкоски, повикувајќи да бидат задоволени барањата на СОНК, на наставниците и на вработените во градинките.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Велигден во светот: Традиција и обичаи во Германија, Русија, Грција и други европски земји

Следно

Зеленски по повод Велигден: Ордите на злото нема да нè уништат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian