Медицинска сестра предупредува: Популарните чоколадни јајца се голема опасност за децата

1 min read

Ники Јуркутц, која работи како извршен директор на организацијата „Tiny Hearts Education“, предупреди за малите чоколадни јајца кои се актуелни за Велигденските празници.

Имено, таа вели дека тие претставуваат опасност од задушување кај децата. Според неа, поради нивната големина и форма, можат да заглават во дишните патишта кај малите деца.

pexels
Фото: Pexels

Наместо тоа, Ники предлага да се купат поголеми чоколадни јајца кои се шупливи одвнатре. Ова значи дека тие се далеку помалку опасни за децата, што ги прави подобар избор за Велигден.

„До 85% од смртните случаи од гушење се предизвикани од храна, а Велигден е зад аголот и сакам ова да биде во преден план за вас“, напиша Ники на инстаграм-профилот на „Tiny Hearts Education“.

„Задушувањето е тивко и се случува брзо“, предупреди таа, додавајќи дека е исклучително важно да знаете што да правите во случај на гушење.

Нејзиното предупредување привлече внимание од илјадници корисници на социјалните мрежи, а многу родители се благодарни за советот признавајќи дека не биле свесни за опасностите од конзумирање мали велигденски чоколадни јајца.

Ники по професија е медицинска сестра и мајка на две деца, чиј инстаграм – профил „Tiny Hearts Education“ станува сè попопуларен за корисни совети..

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баерн нема да го продаде Левандовски за 40 или 50 милиони евра

Следно

Излезноста на парламентарните избори во Словенија до 11 часот е 21 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian