Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд: Ѕвездата од „Bridgerton“ прв на обложувалниците

2 mins read

Според коефициентот на обложувалниците, Том Харди повеќе не е првиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд. Него го замени Реге Жан Пејџ, ѕвездата од првата сезона на серијата „Bridgerton“ на „Netflix“.

Том Харди повеќе не е фаворит за улогата на Џејмс Бонд, ѕвездата на „Бриџертон“ го зазеде првото место

Откако минатата година франшизата се прости од Даниел Крејг во продолжението на „No Time To Die“, сите се прашуваат кој ќе биде следниот Џејмс Бонд.

Харди често се споменуваше како наследник на култната улога, а ѕвездата од филмот „Venom“ често беше нарекуван и фаворит за да го игра следниот агент 007.

Меѓутоа, сега се чини дека 44-годишниот Харди е заменет со „посвежо“ лице. Според „Ladbrokes“, Реге Жан Пејџ моментално е фаворит за следниот Џејмс Бонд

Младиот актер стекна светска слава во 2020 година откако глумеше во серијата „Bridgerton“, па не е ни чудо што сега се споменува во контекст на преземање на улогата на најпознатиот шпион на светот. 33-годишникот претходно призна дека е „поласкан“ што го разгледуваат како опција, но дека тие гласини не ги сфаќа сериозно.

„Низ годините многумина биле во трка за улогата на Бонд, но Реџ-Жан Пејџ доминира на пазарот веќе некое време, а играчите се чини дека мислат дека тој ќе биде името што ќе го наследи Даниел Крег“, истакна Алекс Апати од „Ladbrokes“.

„Нема да го спомнам тоа. Знаете, во актерското братство има изрека дека ако зборувате за тоа, автоматски испаѓате од трката“, истакна Харди одбивајќи да ги коментира шпекулациите. „Значи, не можам да коментирам за тоа“, додаде тој.

Веднаш подолу на листата е Хенри Кавил,  кој моментално е втор фаворит, а на третото место е Ајдан Тарнер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски по повод Велигден: Ордите на злото нема да нè уништат

Следно

Османи утре во Берлин на средби со Лирман, Рот и Хофрајтер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian