Излезноста на парламентарните избори во Словенија до 11 часот е 21 отсто

1 min read

Во Словенија до 11 часот своето право на глас на парламентарните избори го искористиле 21,05 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија (ДВК).

Како што изјави на прес-конференцијата претседателот на ДВК Душан Вучко, правото на глас го искористиле гласачи.

Најголема излезност е забележана во изборната единица Крањ, каде што изнесува 22,87 отсто, а најмала во Марибор – 19,86 отсто, објави ДВК.

Во 7 часот во Словенија беа отворени околу 3000 избирачки места за изборите за 90 пратеници во Државниот збор (Парламентот).

Гласачите можат да гласаат до 19 часот, а дотогаш е изборен молк.

Која била волјата на гласачите делумно ќе се знае вечерва нешто по 20 часот, кога Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првите нецелосни резултати.

Предвремено се гласаше во средата и четвртокот од 7 до 19 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медицинска сестра предупредува: Популарните чоколадни јајца се голема опасност за децата

Следно

Светскиот шампион Квартараро до првата победа сезонава во Мото ГП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian